Играчите на Шкотска нема да клекнат пред почетокот на натпреварите

40

Шкотските репрезентативци најавија дека нема да клекнат пред натпреварите на Европското фудбалско првенство 2020.

Наместо тоа, играчите ќе застанат пред почетниот свиреж. Шкотскиот капитен Ендру Робертсон рече дека посветеноста на тимот за ставање крај на дискриминацијата не е намалена.

  • Важно е да продолжиме да го решаваме прашањето на расизмот и да разговараме за потребата од промена на размислувањето и однесувањето на луѓето, изјави играчот на Ливерпул.

Шкотска игра во групата Ц со Англија, чии фудбалери ќе продолжат да клекнуваат во знак на поддршка за движењето „Животите на црномурестите се важни“.