„Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни. Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење“, велат од кабинетот на Иванов.
Според кабинетот на претседателот Иванов, ова е момент кога ќе се види дали функционира независносто судство и обвинителство, но и дали во Македонија постои владеење на правото.