Ибра објасни како од Милан направи тим за „Скудето“

106

Точно дека звучи чудно, но и после 9. одиграни кола во италијанската Серија А, лидерската позиција е во сопственост на фудбалерите на Милан кои веќе освоија шест бода повеќе од бранителот на тронот, екипата на Јувентус.

Клучна алка во трансформацијата на „росонерите“ е шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, кој се врати на „Сан Сиро“ пред 11 месеци и веднаш го промени менталитетот на останатите фудбалери.

За само неколку месеци, од борба за шестата или седмата позиција, Милан сега води битка за шампионската титула, а 39-годишниот Ибракадабра откри што точно им има направено на тимските колеги.

  • Се вратив за да го променам Милан. Ги ставив тимските колеги под голем притисок. Не е важно дали си млад или стар, ти си во Милан со причина, а тоа е дека си доволно добар. Имаше фудбалери кои тренираа кога ќе им се кажеше дека треба да тренираат. Сега не е така. Секогаш кога ќе излезам на зелениот терен се чувствувам како мало дете кое за првпат во својот живот јаде бомбона, изјави Ибрахимовиќ за УЕФА.

Шведскиот интернационалец моментално е повреден но се очекува да биде во комбинација за следниот првенствен натпревар против Самдорија. На одиграните 10 натпревари во актуелната сезона, Ибракадабра постигна 10 погодоци и запиша две асистенции.