Иако немала никакво искуство во летање: Откако на пилотот му се слошило, авионот го приземјила неговата сопруга

118

Ивон Кинан-Велс, која нема искуство со летање, го приземји авионот откако нејзиниот сопруг, пилотот Елиот Алпер доживеа срцев удар додека управуваше со авионот од Лас Вегас до Монтереј, Калифорнија, соопшти денеска Федералната управа за авијација.

Кога се случи инцидентот, во двомоторниот авион имало само двајца, а Националниот одбор за безбедност на транспортот објави дека покренал истрага за случајот, објави USA Today.

Кинан-Велс доби помош од контролорите на летање и принудно слета на аеродромот Медоус Филд во Калифорнија, на повеќе од 200 милји (320 километри) оддалеченост од нејзината првобитна дестинација.

Алпер, кој доживеал срцев удар, бил итно пренесен во болница, а подоцна починал.