Иако негира дека возел пијан, судијата одлучи: Џастин Тимберлејк привремено останува без возачка дозвола

182

Џастин Тимберлејк се појави на онлајн сослушување, а судијата во Њујорк одлучи привремено да му ја суспендира возачката дозвола по неодамнешниот инцидент, кога беше уапсен поради возење под дејство на алкохол.

Како што објави Еј-Би-Си-Њуз, Тимберлејк се изјаснил за невин и негирал дека возел под дејство. Неговиот адвокат Едвард Бурк Џуниор изјави дека пејачот не бил пијан и дека случајот треба да биде отфрлен.

„Останува фактот дека не бил пијан. Пак ќе кажам – Џастин Тимберлејк не бил пијан и многу сме уверени дека обвинението, кривичната пријава, ќе биде отфрлено“, рече тој.

Судијата, сепак, ја суспендираше лиценцата на Тимберлејк и му се закани на адвокатот дека ќе му забрани јавно да зборува за случајот, истакнувајќи дека коментарите на адвокатот за медиумите се несоодветни.

Датумот на следното рочиште е 9 август.