Зошто се ископани огромни ровови на границата меѓу Северна и Јужна Кореја? Сателитските снимки покажуваат сѐ

156

Сателитските снимки од границата меѓу Северна и Јужна Кореја покажуваат дека таму се ископани најмалку два големи ровови.

Рововите се наоѓаат на местото каде што до неодамна постоеја патни и железнички правци кои ги поврзуваа овие две земји до неодамна.

Откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги продлабочи односите со рускиот претседател Владимир Путин, тензиите меѓу двете соседни земји се зголемија.

Рововите, наводно, биле создадени веднаш по 15 октомври кога Северна Кореја урнала пат во западниот дел на границата и друг во источниот дел, објави ABC News.

Аналитичарите велат дека не е јасна целта на рововите, освен дека се работи за некаква блокада со цел да се прекинат сообраќајните врски, а на терен се гледаат неколку камиони, што значи дека работата се уште не е завршена.

Според некои проценки, западниот ров е долг околу 125 метри и широк околу седум метри.