„Зошто одбив 75 милиони? Па, гледате…“

417
epa10186949 AS Roma player Paulo Dybala celebrates after scoring the opening goal during the UEFA Europa League group C soccer match between AS Roma and HJK Helsinki at Olimpico stadium in Rome, Italy, 15 September 2022. EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Ал Кадсија, клубот од Саудиска Арабија, летово сакаше да го доведе во своите редовите аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала.

Крилниот напаѓач на маса имаше понуда од 75 мил. евра за тригодишен договор, но во последен момент реши да ја одбие. Тоа беше малку неверојатна одлука на 30-годишниот играч на Рома кој потоа се појави пред новинарите и објасни за што се работи.

Имено, има некои други, приватни работи, поради кои тој не сакаше да замине таму, а покрај тоа, главна цел е да се врати во репрезентацијата на Аргентина.

„Зошто реков не на 75 милиони евра? Сите прашуваат зошто, но гледате, јас ставив многу работи на маса при изборот. Тука беше моето семејство, мојата сопруга особено, градот, тимот, желбата да се вратам во репрезентацијата“, изјави Пауло Дибала и додаде:

“Имам 30 години, се чувствувам добро, иако гледам многу критики за повредите, се трудам да работам колку што можам повеќе и да се грижам за себе, да дадам се од себе. Но тие зборуваат само за пари”.

Дибала е во последната година од договорот со Рома, но повеќе немаше ослободителна клаузула. До крајот на јули можеше да биде купен за само 12 мил. евра, но преговорите со заинтересираните клубови не вродија со плод.

Да потсетиме, тој во Рома пристигна во 2022 година од Јувентус, за кого настапи 293 пати и постигна 115 голови. За римската „волчица“ досега играше 79 пати, постигна 34 гола и од него се очекуваат големи работи во новата сезона.