Зошто во Херцег Нови не ја сакаат Цеца Ражнатовиќ: Мимози ДА, ама Цеца НЕ!

108

Ова никогаш не се случило во Црна Гора, а особено не во Херцег Нови кога е во прашање мегаѕвездата Цеца Ражнатовиќ. Таму народот деновиве е неразбирливо поделен околу нејзиниот концерт кој треба да се случи за “Празникот на мимозите” во Херцег Нови. Овој фестивал е традиционален, се одржува по 50-ти пат и привлекува огромен број странски туристи, а го најавува летото и новата туристичка сезона на црногорското приморје кое важи за едно од најубавите морски локации во овој дел од светот.

– Иако сме убава локација, не е убаво да ни пее Цеца Ражнатовиќ, велат огромен број граѓани на Херцег Нови. Ваквата манифестација не смее да биде во знак на турбо-фолк музиката и нејзините песни од типот на “Лепи громе мој” или “Кад би био рањен”, туку во знакот на машкари и медитеранско-карневалско-забавни песни како што си беше отсекогаш и како што му доликува на нашиот град на Јадран. Ако Цеца одржи концерт со тоа би се извалкал угледот на празникот. Пишуваме петиција и собираме потписи кои ќе бидат доставени до градоначалникот, Цеца да не пее, да не и се дозволи да има концерт сега кога во Херцег Нови е време на карнелавот и “Празникот на мимозата”.

Ние имаме некои други свои песни кои се врзуваат за овој јадрански град и Медитеранот, ние немаме врска со таа музика и текстовите кои ги пее Цеца, упорни се во своите настојувања граѓаните на овој прекрасен приморски град во кој често летуваат и многу туристи од Македонија.   Д.М.