Зоран Ванев после хитовите „Ангела“ и „Јужна пруга“ – Во Швајцарија е успешен доктор по природна медицина

4058

Поранешниот многу популарен македонски пејач и ова лето ужива во животот!

Штипјанецот Зоран Ванев до пред некоја година беше вистински мегапопуларен пејач не само на македонската естрада и тоа пред се со хитот „Ангела“, туку и на поранешните југословенски простори со хитот „Јужна пруга“. Но, по некое време, Ванев ја напушта естрадата и заминува во една сосема поинаква професија. Судејќи по неговите објави на социјалните мрежи тој го живее овоземскиот живот на најубав можен начин. Често патува, запознава други краеви од Планетата, а најмногу од сè го сака морето.

Во Македонија веќе не живее…. а, неговиот нов дом е во Швајцарија. Има среќно семејство, среќен брак и живот од соништата. Заслужено. Таму основал семејство и се свртел кон сосема друга професија. Со музиката ретко се занимава. Од како дипломирал на Природно-медицинскиот факултет, работи како признат доктор по природна медицина. Но музиката на Ванев му останува како првата љубов.

-Музиката ми останува како ген со кој сум се родил, секогаш на песната ќе и останам верен, вели Ванев. Но и студиите по медицина ми поминаа во голема љубов. Ја сакам и таа професија. Целосно бев посветен на новата професија, затоа ме немаше на естрадата. Работам во Цирих во мојата ординација како доктор по природна медицина. Јас сум првиот Македонец во Швајцарија „доктор за природна медицина“, објасни расположениот Ванев.

Тој и ова лето максимално го (ис)користи после напорната работа добро да се  одмори. Таму некаде покрај морето, кое според него како стручно лице му е потребно на секој човечки организам. И за подобар физички изглед, поради тоа што се практикува пливањето, но и поради психата бидејќи морето шири многу позитивни вибрации.        Д.М. фото: приватна архива