Организаторите на првиот грен слем турнир во сезоната Австралија опен, го објавија и наградниот фонд кој ќе биде значително намален поради коронакризата во целиот свет.
Победникот наместо 4.120 милиони австралиски долари ќе добие 2.750 милиони. Разликата во сумата е тоа што успеа борбата на Новак Ѓоковиќ послабо рангираните тенисери да добијат поголема награда од минатогодишната, односно елиминацијата во првите кола ќе биде за 10 илјади долари повисока од претходните сезони.
Титулата во машка конкуренција ја брани Новак Ѓоковиќ, додека кај дамите трофејот го освои Софија Кенин.