Значајна победа за Ал Атијах

48

Лидерот во генералниот пласман, Насер Ал Атијах, ја запиша третата етапна победа на овогодишното рели Дакар и направи голем чекор кон освојување на првата титула за Тојота. Катарецот оствари голем резултат на трката во која со големи проблеми се соочија Себастијан Леб и Стефан Петерхансел. По 26 километри од стартот, Петерхансел остана надвор од конкуренција, што се чини ќе биде пресудно за конечната победа на Ал Атијах.

Катарскиот возач ја предводеше конкуренцијата на крајот на секој ден од релито, а ќе тргне со 51 минута предност пред Нани Рома на следната етапа.

И покрај проблемите, Леб е на добар пат да заврши на подиумот четврти пат во својата кариера.