epa11463593 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's 3rd round match against Alexei Popyrin of Australia at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 06 July 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, во интервју за француски медиум изјави дека полека се подготвува за периодот од животот кога нема да биде активен играч, иако признава дека помислата на тоа му носи неколку непознати.

Ѓоковиќ смета дека би продолжил со активностите поврзани со тенисот, но уште не е сигурен каква улога би имал и што би правел кога ќе се пензионира.

„Искрено, знам дека крајот, можеби, е близу, но во моментов уживам во тоа што го имам. Ќе морам да најдам поинакви предизвици, сакам да им помагам на младите таленти од Србија и од целиот свет. Фондацијата врши одлична работа, но знам дека можеме да одиме уште погоре со нашите цели.

Имам прекрасно семејство, на кое морам повеќе да му се посветам. Сигурно, еден дел од времето ќе го искористиме за заеднички одмор, па потоа ќе мислам на следните чекори. Добар сум во менаџирањето на работите, можеби, ќе запловам подлабоко во овие води, но не како тениски агент туку нешто сосема поинаку – вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во моментов е шестопласиран.