Знам дека и Македонците навиваат за мене

111

Турскиот кошаркарски репрезентативец, Џеди Осман, кој е роден во Охрид, го привлече вниманието на американската јавност, откако на Ол-стар натпреварот се појави во патики со знамињата на две држави, родната земја Македонија и Турција.

-Многу сум среќен што сум тука и што бев дел од овој натпревар, беше многу забавно. Роден сум во Македонија, а ја претставувам Турција. Двете знамиња на моите патики се знак дека ги претставувам двете држави, им ја покажувам мојата љубов. Знам дека и Македонците навиваат за мене исто како и Турците, порача Осман по својот настап на „мечот на ѕвезди во подем“.

Интересно е, исто така, што на страната е испишана фразата „The First Cedi“ како алегорија на филмот Војна на ѕвездите: Последниот Џедај (The Last Cedi).
Кошаркарот на Кливленд настапи за „тимот на Светот“ при поразот од „тимот на САД“ од 144:161. Тој одигра 15 минути од овој ревијален натпревар, реализирајќи два поени, три скока и четири асистенции. За МВП на мечот беше прогласен играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Кајл Кузма, кој постигна 35 поени. Во тимот на светот најефикасен беше Бен Симонс со 28 поени, Богдан Богдановиќ реализираше 15, а Лука Дончиќ 13 коша.