Знамиња со сонцето од Вергина: Протест пред Владата против францускиот предлог/ФОТО ГАЛЕРИЈА

101

Граѓански протест против францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на земјава со Европската Унија се одржа попладнево пред Владата на Република Северна Македонија во Скопје.

Фото: Н.Батев

 

Насобраните граѓани порачаа дека се незадоволни во однос на, како што рекоа, сè полошите предлози што пристигнуваат од ЕУ кон нашата држава, за кои сметаат дека се неприфатливи.

Тие побараа „францускиот предлог“ да биде веднаш отфрлен.