Знамињата пред Зоолошка денеска се на половина копје – умре 20-годишната лавица

88

Знамињата пред Зоолошка денеска се спуштени на половина копје, поради смртта на лавицата.

– Со тешко срце и насолзени очи се простивме од нашата лавица која долго време беше член на Зоо семејството. Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело. Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА (Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата, беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20-годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото – објавија од Зоолошка на фејсбук страницата.