Генералниот директор на компанијата Levi Strauss, Чип Берг верува дека за десет години ќе исчезнат традиционалните величини на нивните модели. Со помош ма скенер и камера секој ќе може да добие фармерки кои совршено ќе му одговаат.

Тоа ќе функционира на овој начин:

Кога купувачот ќе дојде по фармерки, нема да бара величина (XS-XXXL), која приближно му одговара, туку ќе се направи скенирање на телото со камери, а тогаш вештачка интелигенција ќе креира совршени фармерки. Финалната верзија на фармерки или друго парче облека ќе биде скроена со ласер.

Берг вели дека ласерската технологија е клучна.

„Револуционерна е и со време ќе го смени ланецот на снабдување, бидејќи можеме да ја поместиме доработката на фармерките блиску до пазарот“, рекол Берг за CNBC.