Змија отровница каснала двајца велешани, итно се префрлени на Инфективната клиника во Скопје

1955

Змија отровница каснала двајца велешани кои налетале на змиско гнездо додека работеле на лозје кај селото Војница.

Змијата прво го каснала едниот за дланката, а кога другиот се обидел да му помогне, и тој бил каснат, исто така на дланката. Се упатиле кон Велес, барајќи брза помош, при што возилото ги пресретнало и им дало противотров.

Отпрво биле хоспитализирани во велешката болница, но откако им се влошила состојбата, итно се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

Од таму за Канал 5 информираат дека мажите на возраст од 76 и 64 години денеска се во релативно подобра состојба.