Откако се случи големата порно афера со Јелена Карлеуша многу пејачки од Србија и Хрватска (кај нас нема такви) сега како “змија(нац) нозете” ги кријат своите снимени домашни порно видеа. Една од нив е и популарната фолкерка Весна Змијанац за која низ естрадните кругови се зборува во вид на јавна тајна дека поседува дома такво видео, но дека е на сосема безбедно место.
–
– Немам што да коментирам на таа тема, рекла фолкерката кога била прашана за тоа дали е вистина дека се снимала како девојка тогаш кога со момчето водела љубов. – Не задирајте во приватноста, не особено во мојата, ниту имам желба, ниту трпение да зборувам на таа тема. Уште понајмалку за тоа што прави Карлеуша во својот живот. Тргнете се од мене, имате млади пејачки кои допрва треба да се докажуваат на естрадата, јас се докажав и останав да постојам само со песните. Никакви секс афери не признавам кои се упатени на мојата адреса, и ако знам од кои личности сега доаѓаат муабетите. Затоа поздравете ги и кажете им да не ми се секираат, Весна спие мирно! Д.М.