EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Познатиот норвешки биатлонец, Јоханес Тингнес Бо (31), објави дека ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во 2026 година. Тој е петкратен победник на Светскиот куп во сезоните 2018/2019, 2019/2020, 2020/2021, 2022/2023 и 2023/2024.

Со 85 победи, тој е втор во историјата на мундијалите по поединечни победи, освојувајќи осум олимписки медали, од кои пет златни, како и 38 медали на светските првенства, од кои 20 златни.

  • Дали ќе имам пет, шест или седум глобуси или 85, 90 или 100 победи, нема да биде важно. Датумот е одреден – изјави Бо, а пренесоа норвешките медиуми.

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6 до 22 февруари, во Милано и во Кортина д’Ампецо.