Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Жулс Кунде. Централниот дефанзивец важи за голема желба на менаџерот на „сините“, Томас Тухел, но такавата желба ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за обештетувањето на Кунде не биде помала од 68 мил. фунти.