Ако сакате да ја го украсите вашиот дом во студените месеци со миризливи цвеќиња во светли бои, не губете надеж затоа што има цветови кои цветаат во текот на зимата. Овие прекрасни зимски растенија ќе го развеселат вашиот ентериер и ќе стават светол акцент за време на студената сезона. Постојат многубројни растенија кои се релативно лесни за негување, достапни се во секоја продавница за цвеќиња и цветаат во текот на целата зима.
Циклама: Исклучително импресивната циклама е многу популарна и добро познатата како вид цвет кој цвета во зима. Цветовите имаат посебна форма. Нивните ливчиња на дното се споени и на горниот дел се одделуваат едни од други. Тие се обично завиткани, а нивните рабови можат да бидат мазни, нерамни или брановидни. Најчестите бои се розова, виолетова, темно црвена и бела боја. Исто така, лисјата на растенијата се многу оригинални – тие имаат форма на бубрег или срце.
Орхидеи: Милтонија е многу украсна орхидеја со зелени лисја и убави цветови. Оваа орхидеја обично е достапна со бели или темноцрвени и жолти цветови, но секое растение има своја посебна боја и модел. Милтонијата не е само убава внатрешна декорација туку и го исполнува просторот со опојно убав мирис.
Африкански љубичици: Африканската љубичица е една од најпопуларните домашни растенија. Обично достигнува висина до 25 сантиметри. Нејзините лисја се месести и имаат темно зелена боја. Цвеќето може да изгледа поинаку – постојат сорти со целосни, полудвојни и единечни цветови. Најпопуларните бои се сина и виолетова, но може да најдете и розови, бели и бургундски сорти.
Антуриум: Антуриум е многу убава и елегантна билка. Обично се одгледува како исечен цвет, но стана и многу популарен како домашно растение. Сепак, ова дефинитивно не е растение за почетници, бидејќи не е лесно да се одгледува. Растението има форма на срце, црвена боја и сјај. Сепак, можете да најдете видови во портокалова, розова, бела боја со црвеникава или жолта обвивка.
Божиќна ѕвезда: Божиќна ѕвезда во текот на зимата, е исклучително импресивна и претставува вистински украс на божикниот декор. Се појавува во богата палета на бои. Може да биде во црвена, бела, крема, жолта, розова и кајсија нијанси. Подготви:М.А.