Земјотрес ја стресе Србија

199

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 40 минути кај Младеновац во Србија, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Според ЕМСЦ, Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од два километри и на 41 километар од Белград.