Ноќеска повторно се тресеше тлото во Србија. Како што се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот институт земјотресот се случил три минути по полноќ во Марковац. Како и во понеделникот, епицентарот бил во Шетоње, недалеку од Ќовдин, каде епицентарот на посилниот земјотрес беше претходниот викенд.
Земјотресот бил со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала, а бил на длабочина од 13 километри.