Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди денеска Истанбул.
بالفيديو من تركيا | انهيار جزء من مئذنة جامع في منطقة "أوجلار" في #إسطنبول إثر الزلزال الذي هز المدينةhttps://t.co/SAre3okdU1
| #زلزال_إسطنبول #deprem #İstanbul pic.twitter.com/NI8tewBfDP
— الخليج أونلاين (@AlkhaleejOnline) September 26, 2019
Епицентарот на земјотресот е лоциран на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното море, јужно од градот Силиври.
Агенциите јавуваат дека во текот на земјотресот се урнало минарето на џамијата во областа Авџилар.
Два земјотреса, речиси со иста јачина, пред два дена го погодија југозападниот дел на Истанбул.
Првиот земјотрес од 4,7 степени се случи околу 11 часот, на длабочина од околу 10 километри во Мраморното море, а вториот на подрачјето Силиври.