Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на јужна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на длабочина од 20 километри, на 43 километри југозападно од Пиргос и 111 километри југозападно од Патра во 15:18 часот по локално време.