Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди грчкиот остров Крит

64

Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.