ТЛОТО ВО ГРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес со интензитет од 4,7 степени во близина на познатото летувалиште

290

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во близина на Патра, во јужниот дел на Грција.

Според веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), земјотресот бил измерен на длабочина од 13 километри, додека епицентарот бил на 9 километри југозападно од градот Гастун, односно 70 километри јужно од одморалиштето Патра.

Засега нема информации за евентуална штета.

Потсетуваме, синоќа земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е измерен во градот Килина на Пелопонез, поточно 28 километри североисточно од островот Закинтос.