Земјотресот во Албанија почувствуван во југозападниот дел од земјава

101

Земјотресот од Албанија попладнево е почувствуван во југозападниот дел од земјава, особено во Охрид, Струга и Ресен, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени.

Опсерваторијата соппшти дека регистрирала серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 километри јужно од Скопје, во соседна Албанија, и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча. Најсилниот бил во 16.21 часот со локална Рихтерова магнитуда 4.4.