Замислете си земја во која светската економска криза не се почувствува, во која неделната плата изнесува по 1.500 евра, а месечната минимална плата е 2.500 евра.

Тоа е земја во која јавниот долг е на ниско, а невработеноста на историско ниско ниво. Таква земја постои и тоа е Австралија. Таа моментално е 12. најсилна економија на светот.

Рецесија немала 27 години, трипати подолго отколку една Германија. Австралија и натаму е на оди по добар пат и расте.

Има неколку причини за ваквиот позитивен резултат. Прво, Австралија е богата со руди, главно железо и јаглен. Исто така, постојат големи резерви на гас, злато, алуминиум, никел и дијаманти. Колку и да и се далеку европскиот и американски пазар, толку и е блиску  азискиот, најдинамичниот на светот.

Австралија е високо развиена демократија која ја почитува приватната сопственост и го поттикнува владеењето на правото. И има еден од најдобрите образовни системи во светот.

ИТ секторот, градежништвото, земјоделството, сточарството и прехранбената индустрија продолжуваат да растат со висока стапка, така што е лесно да се дојде до работа во овие сектори.

Се разбира, животот во Австралија исто така има своја, помалку темна страна на медалот. Луѓето над 60 години и таму тешко наоѓаат работа, а невработените со вработен брачен другар немаат право на надомест за невработените лица.