Западот се подготвува да го отпише Владимир Зеленски, а Вашингтон веќе има на ум кандидат за претседател на Украина, соопшти прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Русија.

„Прес-службата соопштува дека, според добиените информации, Вашингтон и неговите сателити се задоволни од ситуацијата што настана по 20 мај, кога му истече мандатот на Зеленски и тој е целосно зависен од западната поддршка“, се вели во соопштението, чии делови се пренесени од рускиот портал.

Се наведува и дека „Западот лесно ќе го жртвува Зеленски кога Русија ќе ги консолидира своите успеси на бојното поле“, а украинската армија е во безизлезна ситуација.

„Западните покровители на Зеленски лесно ќе го жртвуваат кога Русија ќе ги консолидира своите успеси на бојното поле, а исцрпените и деморализирани украински војници ќе се најдат во безизлезна ситуација“, објави прес-службата.

Дополнително, во соопштението се истакнува дека Зеленски дефинитивно „ја изгубил секаква независност и е на краток поводник во рацете на покровители од „началниците од Вашингтон“ и нема да може да ја избегне одговорноста за започнување голема војна во Европа“.

Надворешната разузнавачка служба на Русија објави дека Вашингтон го смета поранешниот врховен командант на украинската армија Валериј Залужни за најпогоден кандидат за претседател на Украина.

„Имајќи ја исцрпената „придобивка“ од Зеленски и сфаќајќи ја залудноста на надежите за стратешки пораз на Русија“ – Белата куќа без размислување ќе го фрли во ѓубриштето на историјата и ќе го замени со еден од украинските политичари кој ќе биде прифатлив за Водење преговори со Москва за мирно решавање на конфликтот Најпогоден кандидат за Вашингтон е поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни“, се заклучува во соопштението.

Mандатот на Зеленски истече на 20 мај. Изборите закажани за 2024 година не се одржаа, а Зеленски тврди дека неговиот мандат продолжува, бидејќи во државата е вонредна состојба.