Зеленски: Украина нема намера да го предаде Донбас, ќе се бориме

61

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се бори во регионот на Донбас и оти „нема намера да се предаде“.

Во интервјуто емитувано од Си-Ен-Ен, Зеленски ја отфрли идејата да ѝ се дозволи на Москва да го преземе Донбас и дел од источна Украина со цел да се запре конфликтот.

– Украина и нејзиниот народ се јасни. Немаме право на туѓи територии и нема да се откажеме од своите, рече Зеленски.

Кога Владимир Путин зборува за преземање на Донбас, тој всушност мисли на два големи источни региони, Луганск и Доњецк, кои се протегаат од Мариупол на југ сè до северната граница. Овие два региони го претставуваат Донбас или Доњецки басен, област каде што се произведувал јаглен и челик за време на Руската империја и СССР, потсетува Би-Би-Си