Зеленски: На Путин треба да му се покаже каде му местото со сите можни средства

65

На рускиот лидер Владимир Путин треба да му се покаже каде припаѓа со сите можни средства, вклучително и со зајакнување на Украина, моќни санкции и политичка изолација, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ова го изјави во интервју за италијанскиот SkiTG24, чиј фрагмент го објави на својот канал Телеграм пред отворањето на Самитот за мир во Швајцарија, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг.

„Денес Путин мора да биде ставен на негово место со сите можни средства: зајакнување на Украина, силни санкции, политичка изолација“, рече Зеленски.

Тој рече дека ако Путин почувствува дека има моќ, ќе продолжи да напредува.

„Не е случајно што нејзините ракети минуваат низ територијата на земјите-членки на НАТО. Има случаи во Полска, има случаи во Романија, Русија влегува во туѓи територијални води, го нарушува странскиот воздушен простор. Сето ова е снимено“, тврди Зеленски.

Зеленски, исто така, вели дека Русија користи 3.200-3.500 ракети месечно „исклучиво против цивилното население и цивилната инфраструктура“, „за луѓето да се плашат и да бегаат од градовите, за да може Русија да ги окупира овие села и градови“, пренесува украинска агенција.