Зеленски: Нападот во Харков немаше да се случи да имавме дозвола да нападнеме руски воени авиони

546

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека рускиот напад на цивилни куќи во Харков немаше да се случи доколку Украина имаше дозвола да нападне руски воени авиони.

“Рускиот напад на Харков е само врз луѓе, врз обични куќи. Сите служби се вклучени во спасувачката операција. Ви благодариме на сите кои моментално помагаат да се спасат животи. Овој напад беше извршен од руска воздушна бомба. Нападот немаше да се случи доколку нашите одбранбени сили беа во можност да ги уништат руските воени авиони таму каде се наоѓаа. Потребни ни се силни решенија од нашите партнери за да го запреме овој терор“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој посочи дека тоа е апсолутно праведна потреба и дека не постои рационална причина за ограничување на одбраната на Украина.