Зеленски наведе три фактори за завршување на војната и најави акционен план за мир во ноември

1557

Трпението, поддршката за Украина и дипломатскиот притисок врз Русија се три фактори за праведен крај на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за јапонската телевизија NHK.

„Трпение, поддршка (за Украина) и дипломатски притисок (кон Русија) – ова се три фактори за праведен крај на војната. Ако САД и европските земји го задржат единството, тоа ќе биде дополнителен притисок и ќе и покаже на Москва дека нема шанси “, рече Зеленски.

Тој посочи дека не може да одговори на повиците за прекин на огнот додека Русија продолжува да ја окупира територијата на Украина.

Зеленски истакна дека Киев ќе започне детални преговори со релевантните земји за територијалниот интегритет и други прашања и најави дека ќе развијат акциски план за постигнување мир до крајот на ноември, пренесува Укринформ.

Тој исто така рече дека за време на неодамнешниот телефонски разговор го поканил поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја посети Украина.

„Ако господинот Трамп сака да научи нешто за Украина, може да дојде и да се увери сам или да ме праша мене. Трамп ми рече дека е подготвен да одговори на сите прашања и дека го имам неговиот телефонски број“, рече Зеленски.

Во интервју за јапонската телевизија, Зеленски ја истакна важноста на јапонската поддршка.

„Јапонија е претставник на Групата седум и ни обезбеди економска, хуманитарна и техничка поддршка. Тие брзо ни пријдоа на помош. Тоа беше првата земја што не е членка на НАТО што потпиша договор за безбедносна соработка со Украина“, рече тој изразувајќи надежта дека Јапонија ќе го искористи своето влијание врз другите земји како лидер на регионот на Пацификот и ќе обезбеди соработка за закрепнување на Украина.

Како што пренесува Укринформ, претседателот Владимир Зеленски во видео-порака рекол дека Украина ќе добие се што и е потребно за да опстане и да ги постигне своите цели, пренесува Танјуг.