Зеленски: Минатата недела Русија употреби повеќе од 600 воздушни бомби за да ја нападне Украина

177

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Русија употребила повеќе од 600 воздушни бомби во нападот врз таа земја минатата недела.

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора да биде уништена каде и да е. Исто така, сосема е фер да се напаѓаат руските аеродроми. Треба да најдеме заедничко решение со нашите партнери – безбедносно решение“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс. .

Украинската армија претходно денеска соопшти дека во текот на ноќта го нападнала рускиот аеродром Морозовск, погодувајќи складиште за муниција каде, меѓу другото, биле складирани и воздушни бомби.