Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“, на 27.10. 2024 година организира тура до езерото Глажња.
-Ќе се движиме од Липковско Езеро кон езерото Глажња по широкиот земјен пат, иако има пристапни патеки помеѓу двете акумулации. Турата ќе биде лесна бидејќи ќе се движиме околу акумулацијата Глажња. Должината на патеката ќе биде 10 километри во целост. При движење по патеката ќе правиме повеќе кратки паузи и ќе се движиме во група – информираат од „Убавините на Скопска Црна Гора“.
Собирањето ќе биде во 7 часот пред Пошта 2.
Од опрема се потребни: разгазени гојзерици, облека според временските услови, кабаница за заштита од дожд, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според потребите.