Популарниот пејач си направи одличен бизнис!
Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, кој одлично дрма со своите песни повеќе од половина век, во приватниот живот, пред некое време, донесе важна одлука. Секако далеку од медиумите и новинарите, но тие сепак успеаја да му влезат во трага! Здравко се сели по толку многу години живеење од белградската населба Кошутњак на некоја друга локација.
Тој ја продал старата семејна куќа во Кошутњак за повеќе од еден милион евра! Неговите, сега веќе поранешни соседи, жалат поради заминувањето на Здравко. Го сметаат за исклучително воспитан човек кој воопшто не глуми лудило поради тоа што е популарен. Честопати им кажуваше на соседите дека и тој е само обичен смртник, a кој со нив понекогаш и кафенце ќе се напиеше. Луѓе како луѓе поинаку го доживуваат, само затоа што е омилен пејач.
Куќата на Чолиќ за кусо време се продаде. Опкружена е со зеленило, а пред неа има голем двор со две големи железни модерни порти. Има и високи безбедносни мерки. Еден од најубавите делови на куќата е голем базен во кој Здравко често пливаше преку лето. Ќерката Уна од базенот на куќата објавуваше фотографии на социјални мрежи, поради што Здравко многу ѝ се лутеше.
–
Во меѓувреме, според достапни информации, Здравко можеби ќе се пресели на убавата планина Копаоник, во еден луксузен апартман, а можеби и на Црногорското приморје, додека не се всели во новата поскапа куќа. Тој ја чува својата приватност во строга тајност и само најтесниот круг на луѓе се информирани дека со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара ќе биде на некоја друга адреса. Со оглед на тоа што долгото топло лето е пред нас се претпоставува дека Здравко во наредниот период ќе живее на Црногорското приморје, бидејќи таму ќе има многу летни настапи.
Не е исклучена ниту можноста да биде привремено, се разбира под кирија, во грандиозната куќа на колешката Неда Украден во малото место Лепетане во Бока Которска. Сега засега тоа се само шпекулации. Останува да се стрпиме, па да ја видиме наесен новата убава скапа куќа на Здравко. На некоја нова локација во Белград или во неговата околина, можеби под брдото Авала. Нo, сепак нестрпливи сме сите. Д.М.