Зголемен прометот на услугите за 20,4 проценти во однос на лани

31

Во второто тримесечје од годинава се забележува зголемување на прометот од продажбата на услугите за 20,4 проценти во однос на истиот период лани.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемување има во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и дејностите поврзани со нив каде изнесува 437,7 проценти. Зголемување од 147,2 проценти има и во одделот Објекти за сместување.