Зголемено нивото на реките

113

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни денеска се бележи на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Штип, како и на Бабуна кај Богомила.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечни се нивоата на Црни Дрим кај Ложани и на Крива Река кај Крива Паланка.

Податоците на УХМР покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот.