Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

54

Во второто тромесечје годинава, во споредба со првото, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,5 %, трошоците за материјали се пониски за 1,4 %, а трошоците за вработените се повисоки за 7,1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во споредба со второто тримесечје од 2022, во второто тримесечје од годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 11,6 %, трошоците за материјали за 5,4 %, а трошоците за вработените за 24,5 %.