Германскиот тенисер Александар Зверев, ќе ја пропушти и групната фаза во Дејвис купот. На теренот го нема од полуфиналето на Ролан Гарос, кога го повреди скочниот зглоб на дуелот со Шпанецот Рафаел Надал.
Се очекуваше тој да биде подготвен за Дејвис купот во Хамбург, каде неговиот тим игра против Франција, Австралија и Белгија.
Зверев на прес-конференцијата објасни дека има повреда на коската која му предизвикува многу болки и дека очекува да се врати на теренот за неколку дена. Германскиот селектор Михаел Колман изјави дека Јаник Ханфман ќе го замени Зверев.
„Фактот што Александар не може да игра е болен и за него и за нас. Тој е играч кој прави разлика и неговото повлекување ќе ни го отежне пласманот во финалето во Малага“, изјави Колман.
Зверев се надева дека ќе може да се врати до крајот на сезоната, која трае уште најмногу еден месец.