За 30 години катастрофите предизвикале речиси 4.000 милијарди долари загуба на земјоделски култури

82

Природните катастрофи и катастрофите предизвикани од човекот, помеѓу 1991 и 2021 година, предизвикале околу 123 милијарди долари загуби во производството на храна на годишно ниво, што е еквивалент на 5 проценти од вкупното производство, или доволно за да се нахранат до половина милијарда луѓе годишно.

Овие наоди на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), се сумирани од француската новинска агенција „АПФ“ и тоа е прв обид на ФАО да состави оценка од ваков вид.

 

Просечните годишни загуби на жито достигнале 69 милиони тони, што е еднакво на годишното производство на Франција, додека загубите на овошје и зеленчук се околу 40 милинони тони, а на месо, риба и јајца загубата е 16 милиони тони,

Најтешко погоден регион е азискиот, кој претрпил 45 отсто од сите земјоделски загуби и четири отсто од земјоделското производство поради катастрофи.

Во исто време, ФАО откри дека бројот на несреќи се зголемува, од 100 годишно во седумдесеттите на приближно 400 годишно во последните 20 години.

„Земјоделството ширум светот е сѐ повеќе изложено на нарушување од голем број опасности и закани, како што се поплави, недостиг на вода, суша, опаѓање на земјоделските приноси и рибарските ресурси, губење на биолошката разновидност и деградација на животната средина“, се вели во извештајот.

Климатските промени, пандемиите и вооружените конфликти се дефинирани од ФАО како фактори на системски ризик од катастрофи.