Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, петмина починаа, а оздравени се 51 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новите случаи на Ковид-19 најмногу има во Скопје-34, следи Гостивар-20 и Куманово-13, Во Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, , Струмица-2, Берово-1 и во Кичево-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Кратово-1, Свети Николе-6.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5407, активни 1003
• Куманово 1264, активни 273
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1043, активни 272
• Прилеп 358, активни 37
• Тетово 1137, активни 159
• Струга 521, активни 186
• Велес 243, активни 28
• Битола 184, активни 76
• Охрид 306, активни 79
• Кавадарци 152, активни 110
• Гостивар 645, активни 285
• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 51, активни 22
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 69, активни 17
• Демир Хисар 53, активни 32
• Македонски Брод 65, активни 49
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 14, активни 8
• Валандово 8, активни 2
• Виница 46, активни 41
• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 2
• Свети Николе 258, активни 60
• Кичево 239, активни 127
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1156 теста се преку: ИЈЗ-560, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-168, Биотек-149, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -191, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-7, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 142
• Аеродром – 124
• Бутел – 66
• Гази Баба – 126
• Центар – 90
• Карпош – 102
• Сарај – 36
• Кисела Вода – 78
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 31
• Шуто Оризари – 63
• Арачиново – 18
• Илинден – 14
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково – 5
• Странец – 3
• Нераспределен – 8.