Контроверзниот сопственик на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, откри за која парична сума ќе стави крај на соработката со нигерискиот интернационалец Виктор Осимен.
- За 200 милиони евра, можете да купите само една нога на Осимен. Идната година, мислам дека треба да понудите 500 милиони евра. Тогаш можеби ќе ја разгледаме вашата понуда. И ќе повторам, можеби ќе ја разгледаме, одговори Де Лаурентис.