ЗА ХРВАТСКИОТ ПРОФЕСОР ИВО БАНАЦ БАЛКАНОТ И НАТАМУ Е РИЗИЧЕН РЕГИОН

105

Има многу причини поради кои Балканот и натаму е ризичен регион, пред се поради неисполнетите очекувања и нерешените голем број суштински прашања, оценува професорот по балканска историја на Универзитетот Јеил, Иво Банац на гостувањето во емисија на телевизијата Блумберг.

– Меѓу тие проблеми важен е процесот на иселување на луѓето, стагнацијата, но и жешките кризи како ситуацијата во Босна и Херцеговина и Косово – оценува Банац.

Тој се надева оти заживувањето на митовите нема да стане општо прифатена пракса во регионот, бидејќи тие претставуваат пречка во решавањето на постоечките кризи.

Осврнувајќи се на проблемот со Косово, Банац оценува дека „целиот косовски мит доаѓа од Западот“.

– Размената на територии и промената на границите меѓу Србија и Косово е опасна, бидејќи тоа веднаш може да стане преседан за нешто друго – додава Банац.

Според него, преседанот со промена на границите меѓу Србија и Косово може особено да биде опасен за Босна и Херцеговина, каде работите може да бидат многу сериозни.

– Земјите од ЕУ и Брисел ги осудија зложбите од тој тип, а дури се тврди и дека таков акт може да претставува руска иницијатива – смета Банац.

Професорот. оценува дека обидот на Србија за обнова на идејата за враќање на загубените територии во рамките на нова големо српска идеологија нема никаква смисла. Тој потсетува дека „локални лидери“ во БиХ го покренуваат прашањето за отцепување на босанскиот ентитет Република Српска и за нејзино присоедонување кон Србија.