За холивудска убавина ви треба “само“ мајонез, кечап и јаболков оцет…

338

Несомнено е интересно да се знае дека дури и светски познатите ѕвезди користат евтини производи за да изгледаат подобро. И славните не секогаш користат скапи козметички средства за да ги поправат несовршеностите на своето лице и тело, па така и состојките пронајдени во кујната можат да послужат, но само за да помогнат на природната убавина…

Скарлет Јохансон: јаболков оцет за кожа

Скарлет е позната по порцеланскиот тен, па многумина сметаат дека инвестира милиони за да го одржи совршен. Сепак, оваа актерка, всушност, има евтини трикови за убавина, па таа откри дека користи јаболков оцет за чистење на лицето. Проучував различни природни производи и сфатив дека јаболковиот оцет е навистина ефикасен. “Ако го користите како тоник, би можел да биде силен, но идеален е за справување со проблемите со вашите мозолчиња“ – истакна во една прилика Скарлет.

 

 

Зое Салдана: мајонез како регенератор за коса

Оваа актерка тврди дека мајонезот бил спасител на нејзината коса! „Мајка ми беше хипик и целиот мој живот ја упатуваше мојата сестра и мене да бидеме што поприродни. Така и денес, седнуваме еднаш годишно заедно и ставаме мајонез на косата во името на старите денови“, вели Зое.

 

 

 

Миранда Кер: лажица за виткање на трепките

Ангелот на Викторија, Миранда Кер, е голем обожавател на сета природност кога станува збор за убавината. За телевизијата BellaSugar таа рече дека најмногу ужива во спиењето со масло од роза на лицето, кое ја подмладува кожата. Меѓутоа, најневообичаениот совет е лажица која ја користи за виткање на трепките. Тоа е поедноставно отколку што звучи. Само нанесете ја маскарата, потоа поставете ги трепките на работ на лажицата претходно загреана под млака вода.

 

 

 

 

Ема Стоун: масло од семе од грозје за хидратација

„Не би сакала да се жалам, но навистина страдам од бројни алергии. Па јас само го користам маслото од грозје што го купувам во продавницата за здрава храна, со цел да ја хидрирам мојата кожа. Во принцип, постојано мирисам на грозје“,  вели Ема.

 

 

 

 

 

 

Фрида Пинто: вазелин на капаците

Несомнено е интересно да се знае дека дури и светски познатите ѕвезди користат евтини производи за да изгледаат подобро. Фрида Пинто вели дека вазелинот дава поубав и помлад изглед. Кој смее нека провери.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сиена Милер: кечап за отстранување на фарбата од косата

Дефинитивно, еден од најчудните совети за убавина на познатите е трикот на Сиена Милер, која, кога и се случи ненамерно со кана да ја обои косата во зелено, успеа да ја симне бојата со кечап!

– Навистина имав ужас на мојата коса! Сакав да ја обојам мојата коса во кафена боја за да се појавам на аудиција, па кана ми беше првата опција бидејќи беше природна боја. Сепак, со некој хемиски процес, мојата коса стана зелена, па завршив отстранувајќи ја бојата со кечап, но помогна, вели Сиена.