За стан од 100 квадрати во Данска треба да се работи помалку од 10, а во Словачка цели 25 години, под услов од платата да не се троши за храна, сметки…

3249

На оние кои живеат во Данска им треба најкратко време за да заштедат за куќа во Европа, според неодамнешниот извештај на БестБрокерс.ком. Проучувани се цените на куќите, просечниот нето-месечен приход, инфлацијата и „реалните“ каматни стапки на хипотеките, кои се хипотекарни стапки приспособени со инфлацијата, во 62 земји во светот, пишува „Еуроњуз“.

-Бидејќи цените и приходот значително варираат од една земја до друга, тимот на БестБрокерс одлучи да го испита пазарот за недвижности преку тоа колку месечни плати се потребни за да се купи дом во различни европски земји, се вели во нивниот извештај, во кој не се земени во предвид трошоците за храна, сместување, грижа за деца или што било друго, што ја прави пресметката теоретска.

Според нивните наоди, просечната цена на имот од 100 квадратни метри е еквивалент на 114 нето-плати во Данска. Или, таму за купување имот треба да се работи 9,5 години и со Данска е рангирана како најпогодна земја во Европа за купување дом.

За сè друго, Данска во 2003 година беше рангирана како најскапа земја во ЕУ, зашто според Евростат цените на стоките и услугите беа 43% над просекот на ЕУ. Наспроти тоа годишната просечна заработка во таа држава беше рангирана како седма највисока во Европа.

Според извештајот на „БестБрокерс“, Ирска и Шведска се втората и третата најприфатлива земја во Европа за купување дом од 100 квадрати. Таму за тоа се потребни 123, односно 129 нето-плати, односно приближно 10 годишни плати.

На дното на листата се рангирани Чешка и Словачка, каде што се потребни 294, односно 297 просечни плати. Тие пари може да се заработат со 25 години работа, а ако некој успева да заштеди половина плата, за да купи куќа од 100 квадрати ќе чека половина век.