За Рамазан Бајрам автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

23

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, информираат дека утре поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, од носно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Автобусите и в сабота ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и жичаницата.