Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич (30) го собори светскиот рекорд за речиси две минути, откако маратонот во Чикаго го истрча за време од два часа, девет минути и 56 секунди. Претходниот рекорд беше во сопственост на Тигст Асефа од Етиопија, која го постави во 2013 година во Берлин, каде што маратонот го истрча за два часа, 11 минути и 53 секунди.

Чепнгетич стана првата жена што истрчала маратон за помалку од два часа и 10 минути, а Чикаго со години е местото на нејзините големи успеси. Таа на овој маратон победи во 2021 и 2022 година, а во 2023 година беше втора.

Во машка конкуренција, Кениецот Џон Корир беше најбрз во Чикаго, со време 2:02:04, пред Етиопјанецот 2:04:39. И Чепнегетич и Корир трчаа во чест на починатиот Келвин Киптум, кој во 2023 година, во Чикаго, го собори светскиот рекорд трчајќи со неверојатни 2:00:35. Четири месеци подоцна, тој загинал во сообраќајна несреќа кога удрил во дрво во Каптагат, Кенија. Во таа несреќа загина и неговиот тренер.

Во спомен на починатиот шампион, организаторите одржаа едноминутно молчење пред трката и на учесниците им поделија 50.000 стикери во спомен на големиот спортист.