За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг!

Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг. Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори,  велат  од ВЛЕН

222

Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг. Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори, коментираат од ВЛЕН.

Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение  како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.

-Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците, велат од ВЛЕН.

Коалицијата ВЛЕН не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за идејата за смена на Уставот за борба против високата корупција. Од ВЛЕН  претходно објавија дека подготвиле уставен амандман со кој се менува делот на ретроактивноста на законите, па така би можело одново да се разгледаат сите досегашни судски постапки во кои биле вклучени политичари. Воедно, оваа коалиција  предвидуваа евентуалните кривични дела на функционерите да не можат да застарат и да се зголеми опфатот на конфискација на противправно стекнат имот. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека ќе се борат против корупцијата со постоечките закони и најавија дека наскоро започнуваат со расветлување на случаи.

Механизмите за борба против корупцијата се соодветни, но нема политичка волја за борба против корупцијата. Постоечките закони се доволни за сузбивање на корупцијата, изјави Бојан Стојаноски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на коалицијата Вреди за уставен амандман со цел да се спречи истекување на кривичните дела извршени од функционери за време на нивната должност.

ВЛЕН  објави дека ќе предложат уставен амандамн со кој кривичните дела извршени од јавни функционери додека биле на функција не застаруваат.

Инаку, предлогот на ВЛЕН  следуваше откако ДУИ побара поддршка од останатите партии за идејата за меѓународен ветинг за сите функционери во последните 30 години.

„Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија. Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг. Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“.“, велат од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли и предлогот на ДУИ. Од СДСМ пак, претходно истакнаа дека тие уште во 2019 година повикале на темелен ветинг во правосудството, но, како што додаваат, за жал ниту од ДУИ ниту од ВМРО-ДПМНЕ таа идеја не доби поддршка.